Апсења во Јапонија за корупција поврзана со спонзорски договори за Олимписките игри

Од:

Поранешниот член на управниот одбор на Олимписките игри во Токио и три лица од компанијата за облека, што беше спонзор на Игрите во 2021 година, се уапсени денеска поради земање мито.

Според наводите на Обвинителството, Харујуки Такахаши, поранешен извршен директор на маркетинг агенцијата „Дентсу“, парите ги зел од некогашниот директор на „Аоки Холдингс“ и двајца вработени во компанијата.

Беше изненадување, компанија што произведува деловни костуми, да биде спонзор на јапонскиот олимписки тим, додека други земји се свртија кон врвни модни брендови за дизајнирање спортска облека.

Се верува дека митото е поврзано со спонзорски договор за Олимписките игри. Иако долго се зборува за корупција, апсењата претставуваат голем удар за јапонските олимписки амбиции, затоа што Сапоро е кандидат за домаќин на Зимските олимписки игри во 2030 година.

Од компанијата „Аоки“ изјавија дека сè уште го истражуваат целиот случај и оти немаат коментар. Реакција немаше ни од Олимпискиот комитет на Јапонија.

Како што јавуваат јапонски медиуми, Такахаши негираше кривични дела, истакнувајќи оти е платен за консултантски услуги.

Токио беше домаќин на Олимписките игри минатата година.

За организација на Олимписките игри потрошени се 13 милијарди долари, главно јавни пари, што претставува двојно повеќе од првичната проценка.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Реал нема да ги пушти своите играчи да играат на ОИ

На Надал му е забранет настапот во Париз

Предраг Петровиќ

Лондон нема да прифати квалификации за ЛОИ 2024 година поради учество на руските спортисти

Дехари со македонското знаме на отворањето на Зимските олимписки игри во Пекинг

Катерина Ѓуровски

Бах: Игрите во Пекинг ќе се одржат според распоредот

А1он

Русија ќе се кандидира за домаќин на Летните олимписки игри 2036

А1он