Русија се заложи и мажите да се вклучат во ритмичка гимнастика на првенствата и олимпијадите, спорт во кој до сега се натпреваруваат само жени.
Ритмичка гимнастика е спорт во кој се вежба со музика и реквизити: лента, топка, кегли и обрач.
– Апсолутно се согласувам мажите да се вклучат во овој спорт, посебно сега кога и на жените им е дозволено да се натпреваруваат во бокс, фудбал и дигање товар, изјави претседателката на руската федерација за ритмичка гимнастика Ирина В. Усманова.
До 2000 година Русија го освојуваше сите златни медали на олимпијадите во овој спорт.