На руска шампионка и се заканува крај на кариерата, лекарите и го оперираа здравото колено

Од:

Лала Крамаренко е 20-годишна руска ритмичка гимнастичарка, јуниорска европска и светска шампионка во 2018 и 2019 година и сениорска европска шампионка во 2021 година.

Девојката од Москва постигна одлични резултати, но нејзината кариера сега е во опасност откако лекарите го оперираа менискусот на нејзиното здраво колено.

„Лала имаше операција при што и го отстранија здравиот менискус“, изјави Ирина Винер, селектор на Русија во ритмичка гимнастика.

Руските медиуми пишуваат дека Крамаренко помина еден месец во Израел за да се опорави, но прашање е дали ќе може да се врати на натпреварите.

„Тоа се наши доктори, не сакам да им ги кажувам имињата. Жал ми е за кутрата девојка. Таа се обидува да се врати. Дури и да ја заврши кариерата, ќе знае дека направив се за да и помогнам. Таа разбира дека ја сакам и ја жалам”, додала Винер во интервјуто.

Летните олимписки игри ќе се одржат во Лос Анџелес во 2028 година.

„Дали има шанса да настапи на нив? Многу тешко со оваа повреда. Лекарите и го отстранија здравиот менискус”, повтори Винер.

Крамаренко рече дека ќе види како ќе оди нејзиното опоравување.

„Ако се опоравам, ќе продолжам да се натпреварувам. Ако не, ќе одам на нешто друго. Сега не можам да кажам ништо, операцијата беше многу тешка” – рекла младата Русинка.

Би можело да ве интересира

Новинарот кој откри дека Владимир Путин имал љубовница почина на бизарен начин

Зеленски: Белорусија мора да ја демонтира опремата што ѝ помага на Русија

Има загинати и повредени во руски напад врз Полтавa

Четворица загинаа, 28 се повредени во напад со украински дрон на Крим

Зеленски: Украинските сили ја погодија руската воена логистика, нафтената индустрија и системите за воздушна одбрана

Ушаков: Русија не очекува спроведување на договорот од Анкориџ, туку победа