Руни доби огромно признание по дебито за Дерби

Од:

Синоќа екипата на Дерби Каунти го совлада Барнсли со 2:1 на домашен терен во меч од 26. коло од Чемпионшип дивизијата. На крајот од првото полувреме, Џек Мериот отвори за домаќините, а набргу по почетокот на второто полувреме Елиот Симоеш изедначи. Ситуацијата траеше само 7 минути, затоа што во 57-та, Мартин Вагорн повторно ги донесе „овните“ во водство. Така Дерби ја запиша својата прва победа во 2020 година и ја започна годината позитивно.

Одлична вест во кампот на Дерби беше дека Вејн Руни го направи своето очекувано деби. 34-годишниот Англичанец беше стартер и одигра цели 90 минути, дури и направи асистенција за првиот гол на „овните“.

По средбата, Руни изрази желба да игра на секој натпревар и призна дека е новиот капитен на тимот.

– Убаво беше, тренирав долго време, па се радувам што сум повторно на теренот. Се чувствував добро, важно е што ги освоивме трите бода. Сите што ме познаваат знаат дека сакам да играм на секој натпревар, затоа морам брзо да се опоравам. Вртелешката е брза, ќе се обидам да бидам подготвен за недела, рече Руни.

Покрај асистенцијата, дебито на легендата беше специјално затоа што тој ја носеше капитенската лента, а менторот на тимот, Филип Коку изјави дека одлуката е трајна.

– Тренерот ми рече дека сака да бидам капитен, тој зборуваше со Куртис и јас ќе ја носам лентата за понатаму. Навивачите ме примија многу добро. Јас присуствував на секој натпревар минатиот месец и тие секогаш ме пречекуваа, рече Руни.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

Ди Си јунајтед го потврдија Руни како нивни нов тренер

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска