Румениге: Се плашам дека Роналдо ја освојува „Златната топка“

Од:

Директорот на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге рече дека се плаши поради тоа што се попизвесно е дека Кристијано Роналдо ќе ја освои „Златната топка“.

– Врз основа на изјавите на експертите во последните неколку дена, се чини дека тие се единствени во ставот дека Кристијано Роналдо ќе ја освои наградата. И, да бидам искрен, се плашам дека тоа ќе се случи, изјави Румениге.

Во изборот за „Златната топка“ која се доделува на најдобриот фудбалер во светот за 2014 година, покрај Кристијано Роналдо учествуваат и голманот на Баерн минхен Мануел Ноер, како и Лионел Меси од Барселона.

Румениге смета дека Ноер заслужува да ја освои престижната награда, која вечер ќе бидат доделена на церемонија во Цирих.

Претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА), Мишел Платини, неодамна рече дека одлучувачки фактор во изборот треба да е освојувањето на Светското првенство, што му успеа на Ноер минатото лето во Бразил, со германскиот национален тим.

Би можело да ве интересира

Драган Стојковиќ: Утре е голем натпревар, ќе се обидеме се за да победиме

Словенија и Данска одиграа нерешено, Јанжа го спречи поразот

A1on

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“