Рубљев призна дека за Австралија Опен пристигнал позитивен на Ковид-19

Од:

Шестиот тенисер на светот, Русинот Андреј Рубљев, во четвртокот по натпреварот против Литванецот Рикардас Беранкис изјави дека пристигнал во Мелбурн позитивен на коронавирус.

Зборувајќи за тестирањето за Австралија опен, тој истакна дека тоа е поретко и дека лично не го направил ПЦР тестот бидејќи бил позитивен кога пристигнал.

„Мене лично сега не ме тестираат бидејќи штотуку го прележав коронавирусот. Кога летав во Австралија уште бев позитивен, но нивото на ковид СС, како што тоа се вика, нема да лажам беше многу ниско и не беше опасно. Ми беше дозволено да влезам во земјата. Освен тоа, поминав повеќе од десет денови во карантин“, рече Рубљев.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски