Роналдо: Зидан знае да го води тимот на интелигентен начин

Од:

Поранешниот голгетер на Реал Мадрид и актуелен на Јувентус, Кристијано Роналдо го пофали тренерот на „белите“, Зинедин Зидан и изјави дека Французинот знае како да води тим на паметен начин.

Португалскиот напаѓач го напушти „кралскиот“ клуб само неколку недели откако Зидан го напушти клубот во текот на мај 2018 година по освојувањето на Лигата на Шампионите по трет пат.

– Мислам дека Зидан знае како да го води тимот на интелигентен начин. Ситуацијата не е лесна, бидејќи сите играчи сакаат да играат многу. Но Зизу знае како да работи на паметен начин и успева да ги инволвира сите играчи, изјави Роналдо пред „РМЦ Спорт 1“

Како што е познато, Зизу се врати на „Сантијаго Бернабеу“ во март оваа година, заменувајќи го на функцијата Аргентинецот Сантијаго Солари.

Француската легенда потпиша договор до летото 2022 година, откако во првиот период на чело на тимот од јануари 2016 до мај 2018 година го изведе до 9 трофеи, меѓу кои три последователни од Лигата на шампионите и една титула во Примера.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Роналдо нокаутира камерман: Несреќникот не знаеше што го погоди

Жестока расправија на Роналдо и Џорџина среде аеродром: Доста му е од неа

Предраг Петровиќ

Зошто Кристијано Роналдо ги лакира ноктите?

Се појави виза на Џорџина Родригез во која е наведено дека е „робинка на Роналдо“

ВИДЕО: Роналдо се фати за половиот орган по извиците „Меси, Меси“ од публика-се бара депортација

Кристијано Роналдо бесен на својата Џорџина, целосно ги изгубил нервите

Предраг Петровиќ