Жестока расправија на Роналдо и Џорџина среде аеродром: Доста му е од неа

Од:

Кристијано Роналдо и неговата девојка Џорџина Родригез имаа јавна и жестока расправија на аеродромот во Лисабон, непосредно пред да се качат во авионот, што дополнително ги подгреа гласините дека нивната врска поминува низ голема криза.

Приказните за неволјите во рајот се шират откако фудбалерот се пресели во Ал Наср во Саудиска Арабија. Португалските и шпанските медиуми пишуваат дека „на Кристијано му е веќе премногу од Џорџина“.

На расправијата на аеродромот посведочил неименуван маж кој потоа го контактирал шпанскиот новинар Абел Планелес и ги опишал непријатните сцени.

– Тоа беше сериозна расправија со многу викање, навистина беше нервозен, изјави сведокот.

Пишуваат дека на Роналдо на нерви му одат ставовите на Џорџина, а му се чини дека инфлуенсерката со 49 милиони следбеници на Инстаграм станува многу себична и троши многу пари. И пред тоа беше критикувана во медиумите и на социјалните мрежи за односот со пријателите, семејството, работата.. За напнатоста придонесува и фактот дека животот во Саудиска Арабија не е така бајковит како што очекуваа кога славниот фудбалер потпиша за клубот таму.

Ниту нејзината емисија „Јас сум Џорџина“ на Нетфликс нема голема гледаност и високи оценки. Критичарите тврдат дека шпанско-аргентинската манекенка и инфлуенсерка е неискрена, дека нема спонтаност и отвореност што таа ги ветила, а се чини дека најголемиот дел од содржината е снимена според сценарио и со прекумерна шминка.

Лео Каерио, пријател на мајката на Роналдо, Марија Долорес дос Сантос Авеиро, која фудбалерот ја обожава, ги сподели со медиумите најжестоките критики за неа. Познато е дека таа ја обвинува Џорџина за расипување на односите со нејзиниот син и внесување раздор во семејството.

– Со месеци кажувам дека не им е добро и дека ми се чини дека ќе раскинат – изјави Каеро за Марка – Навистина му е доста од неа, тоа е правата вистина.

Тој верува дека парот никогаш нема да се венча, а заедно се само поради реклама и деловни причини. Неодамна се пишуваше дека не сакаат да раскинат поради децата и поради тоа што имаат договор според кој во случај на раскинување Роналдо би морал да и плати 350 милиони евра. Двојката има пет деца, од кои две ги родила.

Џорџина нема навика да коментира на социјалните мрежи за врската со Роналдо. Но, овој пат гласините добија такви размери што таа направи исклучок, тоа го направи преку социјалните мрежи преку инста приказна, со песната „’Si yo muero“ од Ромео Сантос, во која текстот е: „Завидливите измислуваат озборувања , муабетите го шират, а будалите им веруваат“.

Би можело да ве интересира

Џорџина Родригез покажа завидна фигура на плажата во Абу Даби

(ВИДЕО) Роналдо нокаутира камерман: Несреќникот не знаеше што го погоди

Зошто Кристијано Роналдо ги лакира ноктите?

Медиумите не ги оставаат раат: Роналдо не е среќен со Џорџина, цели денови ги поминува во трошење пари

Предраг Петровиќ

Се појави виза на Џорџина Родригез во која е наведено дека е „робинка на Роналдо“

ВИДЕО: Роналдо се фати за половиот орган по извиците „Меси, Меси“ од публика-се бара депортација