Роналдо: За една седмица се враќам на теренот

Од:

Фудбалерот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо најави дека брзо тече рехабилитацијата од повредата и дека најмногу за седум дена ќе биде потполно спремен за игра.

– Се уште работам по посебна програма. Засега само трчам. Сепак верувам дека за една недела ќе бидам потполно спремен’, изјави Роналдо за шпаската „Марка“.

Португалецот ја обнови повредата која го мачеше кон крајот на минатата сезона, а поради тоа не настапи на последниот првенствен дуел против Сосиедат кој Реал го загуби со 4:2.

Од иста причина Роналдо ќе го нема во составот на Португалија за претстојниот дуел со Албанија во квалификациите за Европското првенство 2016 година.

Се очекува Роналдо да биде во тимот на Анчелоти веќе за дербито со актуелниот шпански првак Атлетико Мадрид, кое Реал ќе го игра пред своите симпатизери на „Сантијаго Бернабеу“ на 13 септември.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска