Роналдо: Победата ни ја зголемува самодовербата

Од:

Најдобриот играч на Реал Мадрид, португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо за синоќешната победа во „Ел Класико“ вели дека е добредојдена, како поради пласманот во финалето на купот, така поради зголемувањето на сигурноста кај играчите пред реваншот од Лигата на шампионите против Манчестер Јунајтед.

– Одигравме одличен натпревар, бевме подобри, сите си ги извршија зададените задачи на ниво, постигнавме три гола и заслужено победивме. Овој триумф не прави среќни и ни ја зголеми самодовербата, истакна Роналдо.

Тој очекува Реал да продолжи со успешните игри и во континуитет да победува.

– Очекувам да не застанеме тука. Треба на секој следен натпревар да го даваме максимумот. Што се однесува до нашата игра против Барселона, полесно е кога играме на „Камп Ноу“ отколку на наш терен, рече Кристијано.

Реал Мадрид синоќа со 3:1 на гостински терен ја победи Барселона и со вкупни 4:2 се пласира во финалето на Копа дел Реј. Кристијано Роналдо ги постигна првите два гола за Реал на синоќешниот дуел.

За амбициите на „кралскиот клуб“, Роналдо вели дека ќе се фокусираат да одиграт најдобро што можат на 5 март против Манчестер на гости во Лигата на шампионите, додека во домашните натпреварувања ќе се обидат да го освојат купот, а за титулата предност и дава на Барселона поради големата бодовна разлика.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска