Во шпанската Примера Дивизија викендов на програмата се натпреварите од 26.коло, а во уште едно „Ел Класико“ силите ќе ги одмерат Реал Мадрид и Барселона. Шпанските медиуми шпекулираат дека двата тима на овој дуел нема да настапат со најсилните состави. Во домашниот тим ќе го нема Кристијано Роналдо, а во Барселона ќе одмора Чави.
Барселона има големи 16 бодови предност пред Реал па тренерите ќе калкулираат со составите и ќе ги чуваат најекспонираните играчи за следните поважни натпревари.
26.от круг од Шпанското фудбалско првенство ќе биде отворен вечерва (21 часот) со дуелот Хетафе – Сарагоса.
Утре освен натпреварот Реал Мадрид – Барселона (16 часот) уште играат: Депортиво Ла Коруња – Рајо Ваљекано, Осасуна – Атлетик Билбао и Валенсија – Леванте.
За в недела закажани се исто така четири натпревари: Атлетико Мадрид – Малага, Гранада – Мајорка, Еспањол – Ваљадолид и Сосиедад – Бетис.
Колото ќе биде комплетирано в понеделник со натпреварот Севиља – Селта Виго.
Табела: Барселона 68 бодови, Атлетико Мадрид 56, Реал Мадрид 52, Малага 42, Валенсија 41, Сосиедад 40, Бетис 39,…