Најдобриот играч на Реал Мадрид, португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо денеска во изјава за официјалниот сајт на ФИФА потврди дека до крајот на оваа сезона сигурно останува во „кралскиот клуб“.
– Можам со сигурност да кажам дека до крајот на сезонава ќе останам во Мадрид. Што ќе се случи потоа останува да се види. Сега не можам ништо околу тоа да кажам, изјави Роналдо.
Тој како главна цел за неговиот клуб го посочи трофејот од Лигата на шампионите со оглед на големата бодовна разлика во првенството во корист на Барселона.
– Сите навивачи на Реал мечтаат за десеттата победа во Лигата на шампионите. Минатата година им приредивме големо разочарување, но за среќа сезонава имаме можност да го исполниме тој сон. Задачата е многу комплицирана, бидејќи првиот чекор е да го поминеме големиот Манчетсер Јунајтед, истакнува Роналдо.
Според него шансите за вкупен победник на двомеч со англискиот гигант се 50-50.