Португалецот Кристијано Роналдо побара од челниците на Реал Мадрид да добие ист третман како Лионел Меси, во спротивно се закани дека ќе го напушти “кралскиот клуб”.
Меси пред неколку дена потпиша нов договор со Барселона според кој ќе заработува 16 милиони по сезона.
Додека Аргентинецот шестпати го обновуваше договорот со Барселона, Роналдо не добил зголемување на платата ниту еднаш откако во 2009. година пристигна од Манчестер Јунајтед.
Роналдо во Реал добива плата од 10 милиони евра годишно и уште три милиони од маркетиншките права, односно половина од вкупниот износ.
Тој се пожали и дека Флорентино Перез не го придружува на големите настани, за разлика од Сандро Росел кој го следи Меси на сите доделувања на награди.