Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, ќе го пропушти дуелот од последното коло во италијанскиот шампионат со Сампдорија.
Тренерот на Јуве, Масимилијано Алегри соопшти дека му дал одмор на португалскиот репрезентативец.
– Роналдо нема да игра. Тој ќе се одмори пред повикот во националниот тим за кој ќе игра во Лигата на нациите. Ќе биде фер ако дозволиме други играчи да играат.
Јувентус кој поодамна ја има обезбедено шампионската титула во Италија, утре од 18 часот и гостува на Сампдорија.