Португалецот Кристијано Роналдо и Германката Надин Кеслер се прогласени за најдобри фудбалери минатата сезона во елитната Лига на шампиони.
На свечената церемонија одржана попладнево во Монако, а по извршената жрепка за главната фаза во елитното фудбалско натпреварување, УЕФА ги прогласи најдобрите во обете конкуренции.
Очекувано фудбалерот на актуелниот европски првак Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, доби повеќе гласови од конкурентите од минхенски Баерн, голманот Мануел Нојер, и напаѓачот Арјен Робен.
Кај дамите сите три номинирани фудбалерки беа од редовите на актуелниот првак – германскиот Волфсбург, а најмногу гласови доби Надин Кеслер.