Ројс за поразот од Лацио: Вака не сакавме да ја започнеме оваа Лига на шампиони

Од:

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс го коментираше поразот од Лацио со 1: 3 во натпреварот од 1. коло во групната фаза од Лигата на шампионите.

– Борусија спиеше во поголемиот дел од првото полувреме. Не можам да објаснам зошто се случи тоа. Во второто полувреме можевме да создадеме 2-3 добри шанси, но немавме амбиција или компактност. Така не сакавме да ја започнеме оваа Лига на шампиони. Недостаток на детали. Немавме доволно луѓе во последната третина од теренот каде требаше да создадеме закана. Играта со додавање не функционираше, не работеше ниту притисокот. Одигравме далеку од најдобрата игра и мора да прифатиме дел од критиките на нашата адреса, самокритичен е Ројс.

Во 2. коло Борусија на домашен терен ќе игра со Зенит. Средбата е закажана 28 октомври.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска