Роџерс ќе ги одмара Џерард и Стерлинг

Од:

Менаџерот на Ливерпул Брендан Роџерс смета дека саботното дерби со Челзи е поважно од вечерашниот натпреварот со Реал Мадрид во Лигата на шампионите и затоа планира да им даде одмор на капитенот Стивен Џерард и на Рахим Стерлинг.

– Во случајот со Џерард морам да проценам што е најдобро за него и за нас. Ако тој играше против Њукасл, а не игра со Реал, јасно е што ни е приоритет, изјави Роџерс и додаде дека ја презема одговорноста за одлуките кои ги донесува.

Освен Џерард од таборот на „црвените“ има најави дека на „Сантијаго Бернабеу“ можно е да не настапи ниту Стерлинг.

Ливерпул по 10 одиграни кола во Премиер лигата имаат 12 бодови помалку од лидерот Челзи и поради тоа силите ги насочуваат кон домашниот шампионат.

Сепак шансите на тимот од „Енфилд“ се големи да се помине и групата во ЛШ каде Реал е пред промоција во следната фаза со максимални три победи, додека Лудогорец, Ливерпул и Базел имаат по три бода.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска