Робинсон: Без марихуана немаше да издржам 18 години во НБА

Од:

Поранешниот кошаркар Клиф Робинсон, кој 18 години настапуваше во НБА лигата, нагласува дека марихуаната многу му помогнала во текот на кариерата.

Робинсон по повлекувањето од професионалното играње кошарка започна бизнис за одгледување и дистрибуција на марихуана, чија упореба во одредени сојузни американски држави е легализирана.

– Ако играш 18 години во НБА и имаш 82 натпревари по сезона, мораш да научиш да живееш со анксиозноста и да најдеш начин за опуштање. Канабисот секогаш ми помагаше во тоа, истакна Робинсон.

Поранешниот кошаркар е еден од заговорниците за легализација на марихуаната, а во долгогодишната кариера настапуваше за Портланд, Феникс, Детроит, Голден Стејт и Њу Џерси.

Би можело да ве интересира

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

На Ќафасан спречен шверц на 53,3 килограми марихуана, чија крајна дестинација била Македонија

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ

Го фатиле со марихуана – признал дека дома има уште и сам им ја предал на полицајците

Филаделфија казнета поради Ембид