Роберто Карлос стана тренер на турски Акисар

Од:

Поранешниот бразилски ас, 41-годишниот Роберто Карлос, кој последните две години во фудбалот остана како тренер, го презема кормилото на турскиот прволигаш Акисар Беледијеспор, кој се наоѓа на 11-ти место на табелата, три бода од зоната за испаѓање.

Роберто Карлос тренерската кариера ја започна во 2012 година во руски Анжи, каде што ја заврши плодната играчка кариера. Потоа во 2013 година го презема турски Сивасспор со кој минатата сезона изненади освојувајќи го петтото место. Меѓутоа, поради лошите резултати сезонава, Сивасспор е на претпоследното место, а тој доби отказ.

Најголем дел од кариерата мина во Интер и во Реал Мадрид со кои трипати беше шампион на Европа. За бразилската репрезентација собра 125 настапи и играше во финалето на Мундијалот во 1998 година, а четири години подоцна стана и светски првак.

Макфакс

Би можело да ве интересира

Драган Стојковиќ: Утре е голем натпревар, ќе се обидеме се за да победиме

Словенија и Данска одиграа нерешено, Јанжа го спречи поразот

A1on

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“