Полскиот возач, Роберт Кубица ќе вози за Цитроен во Светскиот рели шампионат. Последен пат Кубица се натпреваруваше во 2010-та година во Формула 1, а во февруари 2011-та доживеа тешка сообраќајна несреќа на релито во Андора.
„Драго ми е што повторно ќе возам на едно врвно натпреварување како рели шампионатот. Одвај чекам повторно да седнам зад воланот. За оваа гдоина, себеси не си поставив никакв цел” – изјави Кубица
Цитроен соопшти дека пољакот во својот автомобил со дозвола од ФИА ќе добие специјален менувач со кој ќе му биде полесно да вози поради тешките повреди на раката заработени во несреќата во 2011-та.
Кубица во Ф1 се натпреваруваше од 2006-та до 2010-та година. Најголемиот успех му е победата на трката за ГН на Канада во 2008-та кога беше член на Заубер.