РФМ: Сите тестови на играчите и стручниот штаб се негативни

Од:

Во пресрет на квалификациските натпревари за обезбедување пласман на ЕХФ ЕУРО 2022, со репрезентациите на Финска и Швајцарија, согласно протоколот од ЕХФ и протоколот за спроведување на ракометните натпревари, Ракометна федерација на Македонија ги спроведе последните тестирања за детекција на вирусот „COVID – 19“, соопшти РФМ.

Сите резултати на спроведените тестови на ракометарите и стручниот штаб се негативни. Исто така, и селекцијата на Финска го потврди списокот на делегацијата која пристигнува и се со негативни тестови.

Од РФМ потсетуваат дека согласно Протоколите за спроведување на натпревари донесени од Владата и документот издаден од Европската Ракометна Федерација “EHF Hygiene Concept” за спроведување на натпревари не е предвидена прес-конференција.

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ