Резервниот дрес на Барса догодина во боите на Каталонија

Од:

Следната сезона фудбалерите на Барса ќе имаат нов дизајн на гостинските дресови, кои ќе бидат во боите на Каталонија, односно црвено-жолти.

Шпанскиот гигант новиот дизајн на дресовите го објави на својата официјална страница, на која позираат Меси, Иниеста и капитенот Пујол во гостински, додека Пике и Чави се во новите домашни дресови.

Првиот сет на дресови претрпе мали промени, на кој се враќаат класичните плаво-сини линии, но најголеми измени има вториот сет, кој предизвика и најголемо внимание кај фановите. Тој е со црвено-жолтите линии, боите на Каталонија.

Производителот на дресовите е ист, американскиот гигант Најки. Дресовите ќе бидат 23 проценти полесни и 20 проценти поцврсти од старите, а новост ќе биде фактот што ќе бидат растегливи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска