Реванш натпревари од 1. коло во квалификациите за ЛШ

Од:

Четири реванш натпревари на програмата се денеска од првото коло од квалификациите за Лигата на шампионите. Вистинските возбудувања ќе следуваат од следната рунда, кога ќе се појават и прваците од поквалитетните лиги, а меѓу нив и македонскиот шампион Вардар.

Вечерва се играат дуелите: Левадија – Крусадерс (0:0 прв натпревар), Санта Колома – Линколн (0:0), ТНС – Б36 (2:1) и Фолгоре – Пјуник (1:2).

И еден реванш натпревар од првото коло од квалификациите од Лига Европа се игра вечерва. Шамрок Роверс е домаќин на Прогрес, а првиот дуел заврши без голови.

Македонските екипи реванш дуелите од оваа фаза во ова натпреварување ќе ги одиграат во четврток. Работнички е домаќин на Флора (1:0 за Флора на првиот дуел), Ренова гостува кај Дачија во Молдавија (1:0 за Дачија) и Шкендија ќе истрча на теренот на Абердин во Шкотска (1:1 на првиот дуел).

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска