Реванш четвртфинални дуели во Лигата на шампиони

Од:

Во елитната фудбалска Лига на шампиони вечерва на програмата се два реванш четвртфинални натпревари по кои ќе бидат познати и првите две екипи кои ќе обезбедат пласман во полуфиналето.

Дебитантот во ова натпреварување Волфсбург ќе стартува со предност од два гола на гостувањето во Мадрид кај Реал, бидејќи на првата средба германскиот тим забележа победа со 2:0.

На вториот натпревар кој ќе се игра во Манчестер домашниот тим на Сити има предност од таканаречен „гостински гол“ откако на првиот мач во Париз одигра 2:2 во дуелот со Пари Сен Жермен.

Двата натпревари ќе започнат од 20 часот и 45 минути, стандарден термин во кој ќе се играат и утрешните два реванш дуели меѓу:

Атлетико Мадрид – Барселона (1:2 по првиот меч) и

Бенфика – Баерн Минхен (0:1).

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска