Ренато Санчез: Трансферот во Барселона беше готов летото, но пропадна поради повреда

Од:

Фудбалерот од средниот ред на Лил, Ренато Санчез проговори за интересот на врвните клубови за него.

– Можеби Милан и Арсенал се заинтересирани за мене, но јас не знам за тоа. Милан е голем клуб со историја. Има висока класа, ми се допаѓа. Зборував со мојот агент. Знам кои клубови контактираат со него, а кои не, но не можам да го кажам тоа сега. Но, знам дека сум подготвен. Ако се добие понуда, ќе одлучам што е најдобро за мене. Кога пристигнав во Баерн, не бев подготвен да играм во таков клуб. Бев многу млад. И кога бев подготвен, немав можност да играм за овој тим. Многу клубови беа заинтересирани за мене летово, но кога се повредив сфатив дека ќе останам во Лил. Се беше подготвено со Барселона, мислам дека трансферот беше откажан поради повреда, изјави Санчез во интервју за „Л’Екип“.

Дваесет и четиригодишниот Португалец, во својата кариера има играно и за Свонси и Бенфика. Ги има поминато сите селекции во португалската репрезентација, а од 2016 година е член на сениорскиот тим.

Би можело да ве интересира

Чави по поразот од Реал: Вознемирен сум, игравме добро, заслуживме повеќе

Ана Ололовска

Лапорта: Сакаме да го победиме Реал, нашата сила се талентираните млади играчи

Ана Ололовска

Барселона го продолжи договорот со Јумтити до 2026 година

А1он

Алвеш го собори рекордот на Барселона, играјќи во Ла Лига со 38 години и 247 дена

Ана Ололовска

Асистенција на Барди во првиот триумф сезонава на Леванте

Ана Ололовска

Реал не размислува за купување на Мбапе во зима

А1он