Раководството на шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид активно работи на пронаоѓање голман кој треба да го замени повредениот Икер Касиљас.
Шпанските медиуми веќе го најавуваат Андрес Фернандес, голманот на Осасуна како главен кандидат за голманското место во „кралскиот клуб“. Трансферот на Фернандес се проценува на девет милиони евра.
Реал има и резервна варијанта за евентуално појавување на пречки околу реализацијата на овој трансфер.
Доколку преговорите со Фернандес не успеат Мурињо ќе се обиде во својот состав да го донесе или Роберто Гаго од Сарагоса или Цезар од премиерлигашот Квинс Парк Ренџерс.