Реал успеа да освои само бод против Валенсија

Од:

Фудбалерите на Реал Мадрид со голот на Кристијано Роналдо во судиското надополнување на вториот дел го изедначија резулттот на 2:2 и освоија еден бод на синоќешниот натпревар од 36.коло.

На домашен терен „кралскиот клуб“ се мачеше во дуелот со Валенсија која во два наврати водеше. Гостите преку Жереми Матју поведоа во 44.минута. Во 59.минута изедначи Серхио Рамос, а ново водство за Валенсија донесе Парехо во 65.минута.

Со нерешениот резултат Реал Мадрид не го искористи поразот Атлетико Мадрид во борбата за шампионската титула и значително да ја намали бодовната разлика.

На другите дуели од ова коло во Примера беа постигнати резултатите: Севиља – Виљареал 0:0, Леванте – Атлетико Мадрид 2:0, Алмерија – Бетис 3:2, Ваљадолид – Еспањол 1:0, Осасуна – Селта 0:2, Малага – Елче 0:1, Барселона – Хетафе 2:2 и Рајо Ваљекано – Атлетико Билбао 0:3.

Вечерва се игра натпреварот Реал Сосиедад – Гранада.

Табела: Атлетико Мадрид 88 бодови, Барселона 85, Реал Мадрид 83, Атлетик Билбао 68, Севиља 60, Реал Сосиедад 57, Виљареал 53,…

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска