Реал Сосиедад го освои Шпанскиот куп по пауза од 34 години

Од:

Фудбалерите на Реал Сосиедад се победници на Шпанскиот куп за сезоната 2019/20, откако во финалето одиграно речиси една година подоцна од првично закажаниот термин го совладаа Атлетик Билбао со 1:0 (0:0).

Единствениот погодок во финалната пресметка меѓу двете баскиски екипи на стадионот во Севиља го постигна Микел Оварзабал од пенал во 63 минута.

За Реал Сосиедад ова е трет куп трофеј, по двете титули во далечната 1909 и во 1987 година.

Атлетик Билбао остана на 23 титули во купот, а за клубот ова беше петти последователен пораз во финалните натпревари во ова натпреварување.

Нова шанса да го освојат куп трофејот фудбалерите на Атлетик ќе имаат за две недели кога го играат финалниот натпревар за сезоната 2020/21. Противник ќе им биде Барселона, екипата од која беа поразени во 2009, 2012 и 2015 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска