Реал Мадрид со убедливиот триумф од 3:0 над Галатасарај се на чекор до полуфиналето, додека мрежите мируваа на двобојот меѓу Малага и Борусија Дортмунд, каде домашниот голман Вили со неколку одлични интервенции го спаси шпанскиот тим.
Кралскиот клуб го отвори резултатот, преку Роналдо го постигна својот 9. гол во деветиот меч во ЛШ оваа сезона и 22-ри во 2013. година.
Галатасарај со поддршка од 10.000 фанатични навивачи се опорави од шокот и се закани со шутеви од далечина преку Снајдер и Дрогба.
Сепак во 29. минута Бензема со својот четвртти погодок во елитното натпреварување сезонава го удвои водството на Реал.
За убедлив триумф од 3:0 се погрижи Гонзало Игуаин со погодок во 73. минута со кој Реал веќе е со една нога во полуфиналето.
Во вториот четвртфинален натпревар Малага и Борусија Дортмунд одиграа 0:0.
Чуварот на мрежата на Малага во првите 20 минути одбрани три удари на Геце, а до крајот на првото полувреме ги запре ударите и на Ројс и Кел.