Реал се соочува со суспензија од купот

Од:

Реал Мадрид го победи Кадиз со 3:1 во првиот натпревар од 1/16финалето во фудбалскиот Куп на Шпанија, но се соочува со елиминација поради настап на играч под суспензија.

Шпанските медиуми информираат дека рускиот интернационалец Денис Черишев од минатата сезона кога настапуваше за Виљареал ја „пренесе“ суспензијата поради три жолти картони.

Доколку оваа информација се покаже како точна Реал ќе биде суспендиран од купот.

Русинот го одигра првото полувреме по што беше заменет со Матео Ковачиќ.

Оваа сезона веќе се има појавено идентичен пропуст на натпреварот Осасуна – Мирандес. Фудбалерот на Осасуна Унаи се најде на теренот, иако тој беше суспендиран и неговиот тим беше дисквалификуван.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска