Реал се откажа од Бејл

Од:

Трансферот на Герет Бејл во шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид нема да се оствари во летниот преоден рок.

Весникот „Марка“ пишува дека претседателот на „Кралскиот клуб“ Флорентино Перез ги прекинал преговорите со Тотенхем и изјавил дека во моментов е неможно да се постигне договор со велшкиот фудбалер.

Последната понуда од Реал за Бејл шпанските медиуми ја соопштија пред два дена и таа се состоеше од 60 милиони евра плус Фабио Коентрао и Гонзало Игуаин.

Тотенхем за својот играч кој изминатата сезона беше избран за најдобар во Премиер лигата, бара 100 милиони евра.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска