Реал решен да го доведе Бејл – нуди 100 милиони евра

Од:

Реал Мадрид ќе му понуди на Тотенхем 100 милиони евра за Герет Бејл, пишува шпанскиот весник „Ас“.

Понудата што во Лондон треба да ја достави новиот спортски директор на кралскиот клуб Зинедин Зидан, според весникот, тешко ќе може да биде одбиена од челниците на Тотенхем.

Речиси е сигурно дека во Мадрид за 45 милиони евра доаѓа напаѓачот на Ливерпул Луис Суарез.

Доколку се реализираат плановите на Реал, новиот офанзивен квартет Бејл – Суарез – Роналдо – Бензема ќе биде најскапиот фудбалски напад во светот, вреден 277 милиони евра.

Со него кралскиот клуб планира успешно да му парира на новото напаѓачко дуо на Барселона Меси – Неимар.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска