Реал Мадрид стана првиот тим што ја одбрани титулата во Лигата на Шампионите

Од:

Реал Мадрид стана првиот тим што успеал две години по ред да ја освои титулата во Лигата на Шампионите, откако вечерва во Кардиф со 4-1 го совлада тимот на Јувентус.

Актуелниот италијански и шпански шампион одиграа интересен и возбудлив натпревар. Реал Мадрид поведе преку Кристијано Роналдо во 20. минута.

Седум минути подоцна Марио Манџукиќ постигна извондреден гол со ножечки за 1-1, што беше резултатот со кој што екипите заминаа на пазуа по првото полувреме.

Во вториот дел „Кралевите“ тргнаа напаѓачки, а притисокот вроди со плод во 61. минута кога Касемиро погоди од далечина.

На 3-1 зголеми Кристијано Роналдо само три минути подоцна, а конечните 4-1 ги постави Асенсио во 90. минута

Јувентус натпреварот го заврши со 10 играчи на теренот откако во 84. минута втор жолт картон доби Квардадо, иако во игра влезе во 66. минута.

Ова е 12. титула во Лигата на Шампионите за Реал Мадрид, со што се убедливо најтрофејниот тим, а истовремено станаа и првиот тим што постигнал 500 голови во Лигата на Шампионите.

Тимот на Јувентус, од друга страна е екипа со најмногу порази во финалето од Лигата на Шампионите, откако вечерва го забележаа седмиот.

Со победата вечерва, Реал Мадрид обезбеди пласман во УЕФА Супер Купот против Манчестер Јунајтед, кој што ќе се игра на 8. август во Скопје.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска