Европскиот првак Реал Мадрид синоќа постигна победа од 2:1 на гостувањето кај Баерн Минхен во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите, иако Баерн водеше со 1:0.
Германскиот шампион Баерн поведе во 25.минута со голот на Артуро Видал, а истиот играч не реализираше пенал за својата екипа во 45.минута. Казната за промашениот пенал стигна во 47.минута кога Кристијано Роналдо успеа да изедначи. Во 61.минута Баерн остана со играч помалку откако по вториот жолт картон беше исклучен Хави Мартинез. Победата за Реал Мадрид ја донесе Роналдо со вториот гол на овој дуел во 77.минута.
На дуелот во Мадрид Атлетико го совлада англискиот првак Лестер со 1:0, а стрелец на голот беше Антоан Гризман во 28.минута од пенал.
Во Дортмунд, Монако ја победи Борусија со 3:2, додека во вторникот Јувентус беше поуспешен од Барселона со 3:0.
Реванш натпреварите се играат на 18 април (Лестер – Атлетико Мадрид и Баерн – Реал Мадрид) и на 19 април (Монако – Борусија и Барселона – Јувентус).