Реал Мадрид поразен од Селта Виго

Од:

Екипата на Реал Мадрид го претрпе и вториот пораз во низа, откако претходно „Кралевите“ не знаеја за пораз на 40 натпревари.

Реал синоќа загуби од Селта Виго со 2:1 во првиот натпревар од четвртфиналето на Купот на Шпанија.

Иаго Аспас во 64. минута го најави изненадувањето во Мадрид. Иако Марсело израмни пет минути подоцна (69), веќе во следната минута (70) Џони повторно постигна погодок за Селта, за триумф од 2:1.

И во вториот меч одигран синоќа победа остварија гостите и тоа Алавез кој славеше против Алкоркон со 2:0.

Денеска ќе се одиграат преостанатите две четвртфинални средби, во кои, Атлетико Мадрид ќе биде домаќин на Еибар, а Сосиедад ќе ја пречека Барселона.

Реванш натпреварите на програмата се по седум дена.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска