Екипите на Реал Мадрид и на Севиља обезбедија пласман во полуфиналето на Шпанскиот фудбалски куп, откако во четвртфиналната фаза беа поуспешни од своите противници Валенсија, односно Сарагоса.
Реал кој по првиот дуел имаше предност од 2:0, синоќа во Валенсија во реваншот со истоимената екипа одигра 1:1.
Севиља со 4:0 ја порази Сарагоса, победа доволна за влез во четирите најдобри во ова натпреварување по нерешените 0:0 на првиот дуел меѓу овие две екипи.
Вечерва се играат останатите два четвртфинални натпревари: Бетис – Атлетико Мадрид (0:2 прв дуел) и Малага – Барселона (2:2).