ВИДЕО: Реал Мадрид и Борусија Дортмунд со максимален ефект

Од:

Европскиот шампион Реал Мадрид и Борусија Дортмунд се двете екипи кои имаат максимален ефект по 4. коло во Лигата на шампионите откако синоќа на домашен терен ја постигнаа и четвртата победа.

Реал го совлада Ливерпул, а Борусија беше поуспешна од Галатасарај.

Најголемото изненадување го направи Андерлехт, кој по негативата од 3:0 успеа да освои бод на гостувањето кај Арсенал играјќи 3:3.

Резултати и табели по 4.коло во првите четири групи:

А група: Јувентус – Олимпијакос 3:2, Малме – Атлетико Мадрид 0:2.
Табела: Атлетико Мадрид 9 бодови, Јувентус 6, Олимпијакос 6, Малме 3.

Б група: Реал Мадрид – Ливерпул 1:0,  Базел – Лудогорец  4:0.
Табела: Реал Мадрид 12 бода, Базел 6, Ливерпул 3, Лудогорец 3.

Ц група: Зенит – Баер Леверкузен 1:2, Бенфика – Монако 1:0.
Табела: Баер Леверкузен 9 бодови, Монако 5, Зенит 4, Бенфика 4.

Д група: Арсенал – Андерлехт 3:3, Борусија Дортмунд – Галатасарај 4:1.
Табела: Борусија Дортмунд 12 бодови, Арсенал 7, Андерлехт 2, Галатасарај 1.

Вечерва се играат натпреварите во другите четири групи.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска