Реал Мадрид гостува во Барселона

Од:

Шампионот на Шпанија, Реал Мадрид вечерва во рамките на 35.коло гостува во Барселона кај екипата на Еспањол. Почетокот на дуелот е во 22 часот, а кралскиот клуб ќе се обиде да ја продолжи серијата без пораз и на гостувањето кај Еспањол, кој пак има два пораза по ред.

На другите натпревари од овој круг во Примера денеска играат: Атлетик Билбао – Мајорка, Ваљадолид – Депортиво Ла Коруња и Осасуна – Хетафе.

Утре се играат исто така четири натпревари: Рајо Ваљекано – Валенсија, Бетис – Селта, Атлетико Мадрид – Барселона и Малага – Севиља.

Колото ќе биде комплетирано в понеделник со дуелот Реал Сосиедад – Гранада.

На првиот натпревар од оваа рунда синоќа Леванте и Сарагоса одиграа без голови – 0:0.

Табела: Барселона 88 бодови, Реал Мадрид 80, Атлетико Мадрид 72, Реал Сосиедад 58, Валенсија 56, Малага 53, Бетис 49,…

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска