Реал Мадрид без одбрана во Сосиедад

Од:

Екипата на Реал Мадрид се соочува со несекојдневна ситуација пред неделниот натпревар од 18.коло во Примера против Реал Сосиедад, бидејќи целата одбранбена линија на тимот нема да настапи од различни причини.

Поради повреди во тимот ќе ги нема Пепе и Марсело, а сузпензијата поради жолти картони е причина мечот да го прпоуштат Серхио Рамос и Раул Албиол.

Петтиот стандарден од одбраната на „кралевите“, Фабио Коентрао, задоцнил на тренинзите на клубот по новогодишните празници и поради тоа е казнет од клубот со забрана за настап против Сосиедад.

Реал Мадрид по 17 одиграни кола се наоѓа на третата позиција во шпанскиот фудбалски шампионат со 16 бодови заостанување зад лидерот Барселона и седум бода помалку во однос на второпласираниот Атлетико Мадрид.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска