Екипата на Реал Мадрид се соочува со несекојдневна ситуација пред неделниот натпревар од 18.коло во Примера против Реал Сосиедад, бидејќи целата одбранбена линија на тимот нема да настапи од различни причини.
Поради повреди во тимот ќе ги нема Пепе и Марсело, а сузпензијата поради жолти картони е причина мечот да го прпоуштат Серхио Рамос и Раул Албиол.
Петтиот стандарден од одбраната на „кралевите“, Фабио Коентрао, задоцнил на тренинзите на клубот по новогодишните празници и поради тоа е казнет од клубот со забрана за настап против Сосиедад.
Реал Мадрид по 17 одиграни кола се наоѓа на третата позиција во шпанскиот фудбалски шампионат со 16 бодови заостанување зад лидерот Барселона и седум бода помалку во однос на второпласираниот Атлетико Мадрид.