Реал ја победи Валенсија во Копа дел Реј

Од:

Фудбалерите на Реал Мадрид забележаа победа од 2:0 против Валенсија, во првиот четвртфинален натпревар од фудбалскиот Куп на Шпанија.

На средбата одиграна синоќа на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид, Реал до победата дојде со головите на Карим Бензема (37.минута) и автоголот на Хозе Гуардадо (73).

Реванш натпреварот на „Местаља“ ќе се игра следната седмица, а вечерва на програмата се нови два натпревари од четврфиналната фаза во Копа дел Реј.

Двојките се: Сарагоса – Севиља (19:30 часот) и Барселона – Малага (21:30).

Првата половина од оваа рунда ќе биде комплетирана утре со натпреварот Атлетико Мадрид – Бетис (почеток 22 часот).

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска