ВИДЕО: Реал ја елиминира Барселона и се пласира во финалето на „Копа дел Реј“

Од:

Фудбалерите на Реал Мадрид со 3:1 победија во синоќешното „Ел Класико“ кое се одигра на Камп Ноу во Барселона.

Домаќините тргнаа офанзивно, но Реал по првиот посериозен напад го постигнаа првиот гол, а во продолжение избраниците на Жозе Мурињо одлично ги затвораа приодите кон нивниот гол, па освен неколку повремени удари Меси и соиграчите беа немоќни да сторат нешто повеќе.

Во второто полувреме мадриѓаните зголемија на 2:0 и тоа беше знак дека Барселона дефинитивно се наоѓа во играчка и резултатска криза, а нејзините навивачи за првпат по долго време почнаа да негодуваат и им свиреа на своите миленици.

Следуваше и трет гол во мрежата на Барса која до крајот успеа само да намали на 3:1.

По нерешените 1:1 во Мадрид, овој резултат му беше доволен на „кралскиот клуб“ да се пласира во финалето од „Копа дел Реј“.

Головите за гостите ги постигнаа Кристијано Роналдо во 13.минута од пенал и во 57.минута, како и Рафаел Варане во 68.минута.

Убедливиот пораз Барселона го ублажи преку Жорди Алба во 89.минута.

Вечерва се играа вториот полуфинален дуел по кој ќе се знае противникот на Реал Мадрид за финалето на Купот на кралот. Со почеток во 22 часот, во Севиља кај истоимената домашна екипа гостува Атлетико Мадрид кој по првиот дуел има предност од 2:1.

Финалето е закажано за 18 мај.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска