Реал има план како да го донесе Мбапе, ќе ја повтори стратегијата со Азар

Од:

Екипата на Реал Мадрид помина долго време во потрагата по Еден Адад. „Белите“ три сезони флертуваа со Белгиецот, очекувајќи неговиот договор со Челси да го достигне речиси крајот, за да можат да го купат.

Сега тие можат да ја користат истата стратегија со sвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе. Францускиот репрезентативец има само две години од неговиот сегашен договор.

Во денешното издание, „АС“ пренесува дека напаѓачот не е среќен што од ПСЖ истекла информацијата дека парижаните би го оставиле на клупа во последната година од договорот отколку да го продадат. Тоа го сторија и со Адриен Рабио, кој има потешкотии сега со аклиматизацијата во Јувентус.

Ова недоразбирање е токму слабоста што ја бараа Реал Мадрид и сега ќе се обидат да го присилат ПСЖ во позиција во која продажбата на Мбапе ќе биде неизбежна.

Челси се виде себеси принуден да го продаде Азар една година пред истекот на договорот на репрезентативецот на Белгија, а сега Реал е подготвен да почека до следното лето за да го повтори тој потег и да го обезбеди Мбапе, додаде весникот.

Би можело да ве интересира

Неповторливиот Лука Модриќ – собори уште еден рекорд

Предраг Петровиќ

Модриќ го урна рекордот на легендарниот Пушкаш во Реал Мадрид

А1он

Реал нема да ги пушти своите играчи да играат на ОИ

Детаљ за кој најмногу се зборува – дали Винисиус заслужи црвен картон?

Предраг Петровиќ

Навивач на Атлетико Мадрид му се заканувал на девојче бидејќи носело дрес од Реал Мадрид

Горан Наумовски

„Марка“: Мбапе потпиша договор со Реал Мадрид