Екипите на Реал Мадрид и на Волфсбург направија голем исчекор кон четвртфиналето од фудбалската Лига на шампиони по синоќешните гостински победи.
Реал Мадрид славеше против Рома со 2:0 на „Олимпико“ во Рим со погодоците на Кристијано Роналдо и Хесе (57.минута) и Хесе (86).
На другиот синоќешен дуел, екипата на Волфсбург го совлада Гент со 3:2. Два гола за германскиот тим постигна Јулијан Дракслер (44 и 54.минута), а во листата на стрелци се запиша и Макс Крусе (60). Мала надеж пред реваншот на Гент му донесоа Свен Кумс кој реализира во 80.минута и Калифа Кулибали со голот во 89.минута.
Во првите осминафинални натпревари одиграни во вторникот ПСЖ го совлада Челзи со 2:1, а Порто со 1:0 беше подобар од Зенит.
Овие четири пара, реванш натпреварите ќе ги играат на 8 и 9 март.
Следниот вторник и среда, своите први осминафинални пресметки ќе ги имаат: Арсенал – Барселона, Јувентус – Баерн Минхен (23 февруари), ПСВ – Атлетико Мадрид и Динамо Киев – Манчестер Сити (24 февруари).