Екипите на Реал Мадрид и на Манчестер Сити први изборија пласман во осминафиналето на фудбалската Лига на шампионите и тоа по синоќа одиграните натпревари од 4.коло.
Реал Мадрид во дербито на групата А го победи ПСЖ со голот на „резервистот“ Начо, кој во игра влезе во 33.минута, а две минути подоцна ја затресе мрежата по грешката на противничкиот голман.
Манчестер Сити лесно стигна до триумфот на гостувањето во Севиља. Со головите на Рахим Стерлинг (8.минута) и на Фернандињо (11) гостите водеа со 2:0. Севиља намали преку Беноа Тремулинас (25), додека конечните 1:3 ги постави Вилфред Бони (36).
Резултати и табели 4.коло:
А група: Реал Мадрид – ПСЖ 1:0, Шахтјор – Малме 4:0.
Табела: Реал Мадрид 10 бодови, ПСЖ 7, Шахтјор 3, Малме 4.
Б група: Манчестер Јунајтед – ЦСКА 1:0, ПСВ Ајндховен – Волфсбург 2:0.
Табела: Манчестер Јунајтед 7 бода, ПСВ Ајндховен 6, Волфсбург 6, ЦСКА 4.
Ц група: Бенфика – Галатасарај 2:1, Астана – Атлетико Мадрид 0:0.
Табела: Бенфика 9 бода, Атлетико Мадрид 7, Галатасарај 4, Астана 2.
Д група: Борусија Менхенгладбах – Јувентус 1:1, Севиља – Манчестер Сити 1:3.
Табела: Манчестер Сити 9 бода, Јувентус 8, Севиља 3, Борусија Менхенгладбах 2.
Вечерва се играат натпреварите од другите четири групи.