Екипите на Реал Мадрид и на Јувентус се пласираа во полуфиналето на фудбалската Лига на Шампиони. Ова е епилогот по синоќешните реванш четвртфинални дуели на кои стрелците не беа расположени.
Хавиер Ернандез Чичарито со гол постигнат во 88.минута го однесе својот клуб во полуфиналето и му овозможи да се надева дека ќе биде единствениот кој го одбранил трофејот во елитното натпреварување.
Последените 20 минути Реал ги одигра со фудбалер повеќе, поради вториот жолт картон за играчот на Атлетико Арда Туран.
На првиот дуел кога Атлетико беше домаќин резултатот беше 0:0.
Без голови заврши и дуелот во Монте Карло меѓу Монако и Јувентус, па победата на италијанскиот шампион на првата средба со 1:0 се покажа како доволна за влез во големата четворка.
Резултати:
Реал Мадрид – Атлетико Мадрид 1:0 (0:0 прв натпревар),
Монако – Јувентус 0:0 (1:0 прв натпревар).
Реал и Јувентус во следната фаза им се приклучија на Баерн Минхен и Барселона кои во вторникот изборија полуфинале.