Реал го помина Манчестер на листата на најбогатите

Од:

Реал Мадрид го помина Манчестер Јунајтед и изби на врвот на листата на најбогати фудбалски клубови во светот која ја објавува американскиот магазин „Форбс“.

Богатството на шпанскиот гигант е проценето на 3,3 милијарди долари и тоа во споредба со минатата година е зголемено за 76 отсто.

Најбогатиот клуб во изминатите 20 години, премиерлигашот Манчестер Јунајтед падна на втората позиција со проценета вредност од 3,17 милијарди долари.

Трета на оваа листа е Барселона која вреди 2,6 милијарди долари.

Од четвртото до 10.место се наоѓаат: Арсенал (1,33 милијарди долари), Баерн Минхен (1,31), Милан (0,945), Челзи (0,901), Јувентус (0,694), Манчестер Сити (0,698) и Ливерпул (0,651).

Според „Форбс“ најбогат фудбалер е Дејвид Бекам со 50,6 милиони долари, пред Кристијано Роналдо со 43,5 и Лионел Меси со 40,3 милиони долари.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска