Реал без ниту еден трофеј сезонава, Атлетико го освои Кралскиот Куп

Од:

Тимот на Атлетико Мадрид по продолженијата го совлада Реал Мадрид со 2:1 на „Сантијаго Бернабе“ и ја освои јубилејната 10. титула во Кралскиот Куп, во неговото 110 издание.

Реал Мадрид го отвори резултатот кога во 13. минута по корнерот на Озил, Роналдо беше највисок во шеснаесетникот и со глава го совлада Куртоа.

Во продолжение Атлетико воспостави рамнотежа на теренот, повеќе ја имаше топката во своите нозе, а како резултат на тоа во 34. минута стигна изедначувањето.

Фалкао на средина на теренот прими топка ги измеша Раул Албиол и Кедира и упати прекрасно додавање до Диего Коста, кој му побегна на својот чувар и погоди во долниот лев агол за 1:1. Ова беше осми гол за Коста во Купот на кралот.

Мурињо неславно го заврши мечот, бидејќи во 76. минута беше исклучен заради жестоки приговори кон главниот судија Клос Гомез.

Во 98. минута се случи клучниот момент на мечот кога по центаршутот на Коке, дефанзивецот Миранда со глава го совлада Диего Лопез за водство од 2:1.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска