Раул задоволен од изданието против Киелце

Од:

Втора сезона по ред Вардар убедливо го победува Киелце на домашен терен, а по триумфот од 40:34 вчеравечер во „Јане Сандански“ тренрот на вардарци Раул Гонзалес изрази задоволството од прикажаната игра.

– За нас ова беше многу важен натпревар против европскиот шампион. Сакам да им честитам на Кјелце и на тренерот Душебаев за она што го напаравија минатата сеозна. Игравме против европските шампиони со голема мотивација. Што се однесува до натпреварот, во првиот дел не бевме најдобри, Кјелце играше добро во нападот, а беше тешко да се сопрат Агинагалде и Бомбач. Во вториот дел игравме многу подобро, Арпад Штебрик имаше неколку добри одбрани, реализиравме неколку контри и беше многу подобро. Карачиќ, Душебаев и Дибиров одиграа многу добар меч. Им честитам на моите играчи за добро одиграната средба.

Централниот бек Игор Карачиќ одбраните на Арпад Штербик и брзите противнапади ги посочи како пресудни за конениот триумф.

– Одигравме добар натпревар со многу голови. Контрата, полуконтрата, одличниот Штербик и нашата одбрана ја направија разликата на теренот. Знаевме каков меч не чека, дека ќе биде натпревар на нож. Нашиот тренер не подготви на тоа дека овој дуел за нас ќе биде како финале. Влеговме подготвени и среќен сум и горд на оваа победа на Вардар. Се надевам дека и во наредните мечеви ќе продолжиме во овој ритам, рече Караќиќ на прес-конференцита по натпреварот со актуелниот европски првак.

Би можело да ве интересира

Во Вардар во Велес најдено тело на мртов маж

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП