Раул Гонзалес нов селектор на македонската ракометна репрезентацијата

Од:

Раул Гонзалес е назначен за нов селектор на машката ракометна репрезентација на Македонија. Тој ја доби довербата членовите на Управниот одбор на РФМ кои на денешната седница го прифатија предлогот од Комисијата за спроведување на разговори со потенцијалните кандидати за наследник на Лино Червар на селектроското место.

Шпанскиот стручњак е актуелен тренер на Вардар, клуб со кој обезбеди четвртфинале во Лигата на шампионите.

Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, истакна дека има голема доверба во Гонзалес.

– Имам голема доверба во предлогот за нов селектор. Разговараме со Раул Гонзалес и идејата е, доколку се оди во посакуваната насока, со него да соработуваме на подолг рок. Наша основна цел е пласман на Европското првенство во Хрватска, изјави Мукаетов.

Договорот со Гонзалес е до септември 2020 година, но како што кажа Мукаетов целта е Шпанецот да работи во репрезентацијата долгорочно.

Дебито на клупата на Македонија новиот селектор ќе го има во мај во Скопје во квалификацискиот натпревар со Исланд.

– Горд сум што ќе бидат селектор на Македонија. Ќе се трудам многу, ќе работам многу и мислам дека ќе биде добро. Во текот на следната недела ќе се знае и кои ќе ми бидат помошници, а најважно ќе биде добро да се подготвиме за дуелот со Исланд, рече Гонзалес.

Би можело да ве интересира

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП